Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУМ, ХАНА И ХРИСТИЈАН СЕ ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО СКОПЈЕ ВО 2016 ГОДИНА

НАУМ, ХАНА И ХРИСТИЈАН СЕ ПРВИТЕ БЕБИЊА ВО СКОПЈЕ ВО 2016 ГОДИНА

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Mинистерот за здравство, Никола Тодоров денеска /01.01.2016 година, петок/ на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар ги посетија првите бебиња што се родија во Скопје во Новата 2016 година.

 Prvite bebinja vo 2016 (2)

Првите бебиња во 2016 година се родени во 00:01 минута по полноќ. Едното е машко бебе и се вика Наум, тешко е 3 килограми и 700 грама, а долго 52 сантиметри, од мајката Јована Андоновска Буриловска, на која ова и е трето дете. Другите две бебиња се близнаци, машко и женско, од мајката Александра Андонова, на која ова и се први деца. Женското бебе се вика Хана, тешко е 2 килограми и 290 грама, а долго е 47 сантиметри, а машкото бебе се вика Христијан и е тешко 2 килограми и 250 грама, а долго е 48 сантиметри.

- Со задоволство им честититам на мајките и на семејствата на новороденчињата и им посакувам среќни новогодишни и божиќни празници, а на бебињата им посакувам многу здравје. Трите првородени бебиња значат дека ќе имаме бериќетна година. Во новата 2016 година посакувам да имаме повеќе новороденчиња отколку во 2015 година  - изјави Градоначалникот Трајановски.

 Prvite bebinja vo 2016 (3)

Градот Скопје традиционално на првородените бебиња во новата година им подари три штедна книшки со по 20.000 денари и други пригодни подароци

Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2016 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов и успех.

Слично

Поврзани вести