Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАУЧНИЦИТЕ ИСТРАЖУВААТ: Зошто дебелите луѓе имаат потешка форма на Ковид - 19?

НАУЧНИЦИТЕ ИСТРАЖУВААТ: Зошто дебелите луѓе имаат потешка форма на Ковид - 19?

Дебелината e причина за потешка форма на Ковид-19. 

Лекарите забележале дека многу луѓе со прекумерна тежина се наоѓаат меѓу сериозно болните од коронавирусот, пишуваат американските медиуми. 

Научниците сè уште се обидуваат да утврдат зошто е тоа така.

Постојат сè поголеми докази дека самата дебелина ја зголемува веројатноста за појава на посериозни компликации од коронавирусот, објави „Н1“.

Студија во која учествувале повеќе од 5.200 заразени, а меѓу нив 35 проценти биле лица со прекумерна тежина, покажала дека веројатноста за хоспитализација се зголемува со повисокиот индекс на телесна маса (БМИ) дури и кога ќе бидат одземени други состојби што ги ставаат лицата со прекумерна тежина во поголем ризик.

Екстремната гојазност, кога БМИ е поголем од 40, особено ја зголемува веројатноста за развој на најтешките форми на Ковид 19.

Во светот досега од коронавирусот починаа над 900.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести