Економија, финансии, бизнис

Контакт

Натпревар во Алтернатива за директорското место во тетовската клиничка болница

Натпревар во Алтернатива за директорското место во тетовската клиничка болница

Двајца доктори членови на Алтернатива се во игра да го заменат Флорин Бесими од ДУИ откако тој си даде оставка од функцијата директор на Клиничката болница во Тетово. Оваа позиција беше дел о ддоговорот меѓу лидерите на СДСМ и Алтернатива Зоран Заев и Африм Гаши кога договорија ново парламентарно мнозинство. Станува збор за докторите Неџбедин Каремани и Амир Елези, јави ТВ 21.

Телевизијата го контактирала Каремани кој потврди дека е предложен за да управува со Клиничката болница во Тетово, но дека има силна конкуренција, фаворит на партијата, а тоа бил Елези. 

Каремани рекол дека разговорите се во тек и се уште нема ништо дефинитивно, но додал дека заслужува да биде на чело на оваа институција.

Слично

Поврзани вести