НАТО ќе испраќа прашања до Македонија
Делегацијата на НАТО предводена од Џејмс МекКи.при вчерашното отпочнување на предпристапните преговопри најави дека наскоро, веројатно за една до две недели ќе дојде конкретен прашалник со писмо од генералниот секретар, на кој треба да се одговори, откри националниот координатор Стево Пендаровски.
- Документот ќе има околу 20 страници и прашања од типот колку војници имате, колку старешини, колку чинови во АРМ, колку одвојувате за Армијата, колку ви е планот да одвојувате во следните години. Потоа има прашање дали вашиот Устав треба да се менува од аспект на правните обврски кога ќе станете членка на Алијансата, кога мислите да го направите тоа ако ви е потребна промена на Уставот - изјави националниот координатор за преговори со НАТО на едно од прашањата во интервјуто за МКД.
Членовите на делегацијата на НАТО, се сретнаа со премиерот, министрите за одбрана, внатрешни и за надворешни работи, каде се разговараше за активностите кои треба да ги преземе Македонија
- Практично се чешла од законодавство до конкретните институции како што е Армијата, коишто треба да бидат понатаму дел од заедничките мисии на Алијансата. Има многу прашања.- додаде Пендаровски.
