Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТО демонстрација - воздушно патролирање над Македонија

НАТО демонстрација - воздушно патролирање над Македонија

Владата соопшти дека денеска на Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град ќе биде организирано демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Македонија.



Целта е со овој настан да се одбележи официјалното вклучување на воздушниот простор на Македонија во системот на НАТО воздушно патролирање.


Јавноста же може да види на кој начин се изведува воздухопловното патролирање, како и да се запознае со борбените воздухоплови на НАТО - Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.


Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе присуствуваат на настанот.




Слично

Поврзани вести