Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наташа Несторовска реизбрана за член на УО на Стопанска банка Битола

Наташа Несторовска реизбрана за член на УО на Стопанска банка Битола


Наташа Несторовска повторно е назначена за член на Управниот одбор  на Стопанска банка ад Битола, соопштија од банката. 

Несторовска е назначена врз основа на одлука на Надзорниот одбор, а по претходна согласност од Нардоната банка. Во Управниот одбор на банката се Владимир Ефтимоски кој е и претседател и Гордана Балтовска и Наташа Несторовска- членови. 

Стопанска банка Битола во деветте месеци годинава оствари позитивен финансиски резултат односно добивка во износ од 0,77 милиони денари. Добивката од работењето пред исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства која е показател за оперативното работење на банката изнесува 63,63 милиони денари.

Нето-приходите од камати во првите девет месеци изнесуваат 222,29 милиони денари, што претставува остварување на планот за третиот квартал со 93,34 проценти. 

Слично

Поврзани вести