Наташа Крстевска-Цалева стана в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска-Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје.
Таа ќе биде на позицијата до изборот на нов шеф на ова обвинителство, но подолго од шест месеци.
Советот на јавни обвинители на почетокот на неделава донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител за Мустафа Хајрулахи, поранешен шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, по негово сопствено барање.
Хајрулахи беше суспендиран откако Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој категорично ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека случајот е тенденциозен и политички монтиран.
Советот на јавни обвинители во февруари годинава ја определи обвинителката Наташа Крстевска-Цалева да функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство, додека трае оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.
