Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наташа Габер-Дамјановска: Државата да ги мотивира обвинителите,а не да дозволи да нема интерес

Наташа Габер-Дамјановска: Државата да ги мотивира обвинителите,а не да дозволи да нема интерес

Наташа Габер-Дамјановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители во интервју за Радио слободна европа наведе дека во Обвинителството во Македонија нема доволно обвинители коишто би се бореле против криминалот затоа што државата не ги мотивира.

- Не знам колку е мотивирачки за луѓето да сакаат да се вработат во Обвинителството, не знам дали Обвинителството дало доволно можности и конкурси луѓето да се вработат. Актуелно мислам дека е проблем и со недостаток на стручни соработници. Еве ако речам и за обвинителите дека треба да изгубат време па да минат низ едукативниот процес на Академијата, стручните соработници може да се примаат на конкурс, не зависат од Академијата, така што и тоа би можело да се направи во блиска иднина - вели поранешниот судија во Уставниот суд.

Таа додаде дека и редовното обвинитество треба да има еднаков третман како СЈО и дека таму треба да се вложат средства.

- Сигурно дека и ресурсите, онака како што на пример Специјалното јавно обвинителство уште од самиот почеток ги имаше не се такви и на другото обвинителство. Можеби тука би требало да се зајакнат капацитетите, државата малку повеќе да вложи во другите обвинителски структури за да им помогне во функционирањето и вршењето на нивната работа и тоа е прашање на политика, којашто мислам дека подинамично може да се направи, само треба да се има волја - додава таа.


Слично

Поврзани вести