Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТАЛИТЕТОТ ВО СЛОБОДЕН ПАД - Во 1995 година родени над 29 илјади деца, минатата година 18 илјади

НАТАЛИТЕТОТ ВО СЛОБОДЕН ПАД - Во 1995 година родени над 29 илјади деца, минатата година 18 илјади

Наталитетот во Македонија во последните години драстично се намалува, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Ако во 1995 година живородени биле 29.886 деца, минатата година живородени деца во целата земја имало 18.648. 

Табелите кои ги објави ДЗС покажуваат дека секоја година има намалување на живородените деца во земјава. 

Извор: Државен завод за статистика

Во последното соопштените на ДЗС за бројот на живородените деца во 2021, се посочува дека во споредба со 2020 година бројките се намалени за два проценти. 

- Во Република Северна Македонија минатата година се родени вкупно 18.790 деца, од кои живородени се 18.648, а мртвородени 142. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,1 процент, односно на 100 живородени женски деца 104,5 се машки. Според  месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец  јули, односно 1 735 - се наведува во сооштението на ДЗС. 

Според возраста на мајката, најголемо учество од 34 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања. Генерациската година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1992 година.

Во 2021 година се регистрирани и 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. 

Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 546 деца, или  13,7 проценти од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.  

П. О. 

Слично

Поврзани вести