Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАТАЛИТЕТОТ ПРОДОЛЖУВА ДА ОПАЃА - машките деца побројни

НАТАЛИТЕТОТ ПРОДОЛЖУВА ДА ОПАЃА - машките деца побројни

Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени.  

Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 отсто во споредба со 2024 година. 

Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа со 51,7 отсто, односно на 100 живородени женски деца 106,9 се машки, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1.531.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31,7 проценти се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години. 

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,8 години, а на прворотките 28,2 години. 

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.

Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца е 1.868 или 11,8 отсто од вкупниот број на живородените деца


Слично

Поврзани вести