НАСТЕЛ ПРОДАВА, ПЕЦОВСКИ И САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД КУПУВААТ - нов трансфер на акции на Реплек
Генералниот директор на фармацевтската компанија Реплек, Душан Пецовски кој воедно е и Претседател на Управниот одбор ја засилува својата позиција во фирмата.
Пецовски комплетираше нова набавка на акции од Реплек со што тој сега поседува 12,31 отсто од вкупниот број на акциите.
Покрај Пецовски, нови акции купи и Сава пензиски фонд, чиј удел во сопственоста порасна на 6,44 проценти.
Наспроти нив, компанијата Настел пак продаваше акции и тие го намалуваат својот удел во сопствеништвото, и сега поседуваат 6,19 проценти.
За промените во сопственоста на акциите на Реплек компанијата информираше преку Македонска берза.
- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Акционер со над 5 отсто, Пецовски Душан воедно Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 25 нови акции, со што поседува вкупно 31.900 или 12,31 процент од вкупниот број на акции.
Акционер со над 5 отсто, Отворен задолжителен пензиски фонд САВА ПЕНЗИСКИ ФОНД се стекна со 113 нови акции, со што поседува вкупно 16.703 или 6,44 проценти од вкупниот број на акции.
Акционер со над 5 отсто, односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 167 акции, со што поседува вкупно 16.045 или 6,19 проценти од вкупниот број на акции - пишува во објавата.
Слично
