Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСТЕЛ ПО ТРЕТ ПАТ ГОДИНАВА ПРОДАВА АКЦИИ ОД РЕПЛЕК - нивното учество во вкупниот број падна на 5,81 отсто

НАСТЕЛ ПО ТРЕТ ПАТ ГОДИНАВА ПРОДАВА АКЦИИ ОД РЕПЛЕК - нивното учество во вкупниот број падна на 5,81 отсто

Градежната компанија „Настел“ продолжува со оттуѓување на акциите кои ги поседуваше од фармацевската фирма „Реплек“. 

„Настел“ со најновата трансакција продаде уште 64 акции од „Реплек“, а за ова промена во сопственоста информираше компанијата „Реплек“ преку Македонска берза.

- Согласно Правилата за котација, известуваме за промени кај акционери со значителни удели:

Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува

Акционер со над 5% односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 64 акции, со што поседува вкупно 15.054 или 5,81% од вкупниот број на акции - се посочува во објавата. 

Со ова Настел и понатаму има удел над пет проценти од вкупниот број акции на Реплек и се уште останува дел од управувачкото тело на компанијата. 

Настел некогаш беше еден од големите акционери во фарамцевсктата компанија Репалек, но од пред некоја годиниа ги променија ставовите, и сега постепено го намалуваат уделот на акции. 

Имено, на почетокот на месецов, Настел продаде мал сет од пет акции од Реплек.

Во истиот период, Коста Котески, член на УО на Реплек се стекна со нови 10 акции од Реплек. 

Настел и на почетокот на годината продаде акции од Реплек, всушност трендот на намалување на удделот во вкупниот број акции е одамна започнат. 


Слично

Поврзани вести