Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСТЕЛ ПАК ПРОДАВАШЕ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК - нивното учество во вкупниот број падна на 5,67 отсто

НАСТЕЛ ПАК ПРОДАВАШЕ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК - нивното учество во вкупниот број падна на 5,67 отсто

Градежната компанија „Настел“ продолжува со оттуѓување на акциите кои ги поседуваше од фармацевската фирма „Реплек“. 

„Настел“ со најновата трансакција продаде уште 64 акции од „Реплек“, а за ова промена во сопственоста информираше компанијата „Реплек“ преку Македонска берза.

- Согласно Правилата за котација, известуваме за промени кај акционери со значителни удели:

Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува

Акционер со над 5% односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 363 акции, со што поседува вкупно 14.691 или 5,67% од вкупниот број на акции - се посочува во објавата.

Со ова Настел и понатаму има удел над пет проценти од вкупниот број акции на Реплек и се уште останува дел од управувачкото тело на компанијата. 

Настел некогаш беше еден од големите акционери во фарамцевсктата компанија Репалек, но од пред некоја годиниа ги променија ставовите, и сега постепено го намалуваат уделот на акции. 

За потсетување, од почетокот на годината Настел во неколку наврати продаваше акции од Реплек, всушност трендот на намалување на удделот во вкупниот број акции е одамна започнат. 

Слично

Поврзани вести