Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСТЕЛ ПАК ПРОДАДЕ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК: продолжува намалувањето во вкупниот уддел, еве кој член на УО купи

НАСТЕЛ ПАК ПРОДАДЕ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК: продолжува намалувањето во вкупниот уддел, еве кој член на УО купи

Компанијата НАСТЕЛ, некогашен голем акционер во фарамцевсктата компанија Репалек, го продолжи трендот на продажба на акциите. 

Согласно најновите информации објавени на Македонска берза, Настел продал уште пет акции од Реплек и нивнотно учество во вкупниот број на акции сега е под шест проценти. 

- Согласно Правилата за котација, известуваме за промени кај акционери со значителни удели:

Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува.

Акционер со над 5 отсто, односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 5 акции, со што поседува вкупно 15.118 или 5,83 проценти од вкупниот број на акции - се посочува во соопштението објавено на Македонска берза. 

Воедно од компанијата исто така преку Македонска берза споделија дека и член на Управниот одбор извршил набавка на нови акци. 

Станува збор за Коста Котески, кој е член на УО на Реплек. Сега Котески набавил нови 10 акции од Реплек, а со новокупените акции тој поседува 0,16 отсто од вкупниот број на акции издадени од друштвото. 

Настел и на почетокот на годината продаде акции од Реплек, всушност трендот на намалување на удделот во вкупниот број акции е одамна започнат. 

Слично

Поврзани вести