Наставниците со поголеми плати догодина
Наставниците од идната година ќе имаат нешто повисоки плати откако за нив се предвидени повеќе средства во државниот буџет, односно ќе бидат издвоени 406,55 милиони евра.
Како што соопшти денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Рената Дескоска, за основно образование се предвидени 45 проценти од буџетот, 26 отсто се за високо образование, 19 проценти за средно, шест отсто се наменети за ученички и студентски стандард, два отсто се предвидени за наука, а 1,8 отсто за администрација.
Министерката најави и зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование за пет отсто.
Слично
