Наставниците се чувствуваат изиграни, се собраа пред СОНК и извикуваа „Оставка“
Членови на СОНК излегоа пред седиштето револтирани затоа што штрајкот го ставаат во мирување и од утре учениците треба да продолжат со настава. Рекоа дека се собрале спонтано и се чувствувале изиграни од претседателот Јаким Неделков. Тие викаа „Оставка, оставка“.
Наставниците велат дека се маргинализирани веќе 10 години. Kaжаа дека и натаму ќе си ги бараат своите права. Наставниците се пожалија дека и родителите се однесувале вулгарно, ги навредувале. Велат дека Неделков не ги консултирал за да го стави штрајкот во мирување.
фото Принтскрин
Слично
