НАСТАВНИЧКА ПЛАТА ОД 45.000 ДЕНАРИ - СОНК бара усогласување на платите во образованието
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) долго време бара да се усогласат платите во образование по колективен договор со минималната плата на национално ниво. Ова прашање повторно стана актуелно по новата одлука на надлежните согласно која минималната плата во државата ќе изнесува 18.000 денари.
Јаким Неделков, првиот човек на СОНК, за Факултети.мк најави штрајк ако не најде заедничко решение со одговорните во Министерството за образование и наука (МОН).„Имаме текст од колективен договор подготвен од работни групи на МОН и на СОНК. Тоа што ние го бараме во однос на усогласувањето со минималната плата од 18.000 со колективните договори, тоа ќе биде вградено и во колективните договори, каде што основица за пресметка на плата ќе биде минималната плата на национално ниво. Со оглед на тоа што минималната плата ќе биде 18.000 денари, тогаш основицата ќе биде 18.000 денари, која ќе се множи со соодветниот коефициент на сложеност на работно место. На овој начин ќе се избегне урамниловката што неколку години наназад е сѐ поголема и поголема - лица со различни работни места и со различна сложеност на
Ако се има предвид дека минималната плата во државата е 18.000 денари, број кој се множи со коефициентот за сложеност на работно место, кој за позицијата наставник во основно образование изнесува 2,503, тогаш излегува дека платата на наставник треба да изнесува 45.054 денари. За професор во средно образование, овој коефициент е 2,533, што значи дека платата на професор во средно треба да биде 45.594 денари. За работно место хигиеничар, коефициентот е 1,3, што значи дека хигиеничар во училиште би земал плата од 23.400 денари.
