Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наставничка од Кавадарци фотографирала приватни разговори на социјалните мрежи на колешка и ја кодошела

Наставничка од Кавадарци фотографирала приватни разговори на социјалните мрежи на колешка и ја кодошела

Наставничка од Кавадарци фотографирала приватни разговори на социјалните мрежи на колешка и ја кодошела кај директорката.

Полицијата поднесе кривични пријави против две вработени во училиште во Кавадарци под сомнеж за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, потврдија попладнево за МИА од Секторот за внатрешни работи Велес. 

Оттаму информираа дека денеска ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднел кривична пријава против В.Т.(47) и М.Т.(52), двете од Кавадарци, поради постоење основи за сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. 

„Имено, В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 4 септември 2025 година, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето. Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 5 и 7 септември, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги. На 19 септември 2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица“, велат од СВР Велес. 

Тогаш М.Т. се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги. 

Слично

Поврзани вести