НАСТАВАТА УТРЕ ПОЧНУВА СО ФИЗИЧКО ПРУСУСТВО: Повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на штета на учениците
Според
министерот за здравство, Венко Филипче,
стратегијата и пристапот на Владата кон
вакцинацијата е многу
успешен.
-Трета седмица по ред, кај нас е најголем просечниот раст на вакцинирани граѓани во регионот. Во градовите каде што е најголем опфатот со вакцинација, најмала е застапеноста на хоспитализации, што укажува на тоа дека вакцинацијата е единствен излез од пандемијата, истакна Филипче на денешната прес конференција.
Во пресрет на новата училишна година година, Филипче порача дека многу е важно да се поддржи училишниот процес со тоа што граѓаните ќе се вакцинираат. Смета дека на овој начин ќе се овозможи децата да имаат безбеден училишен процес.
-Утре започнува училишната година која е ќе биде со физичко присуство. Ова е многу важно за децата и учениците бидјеќи недвосмислено сите анализи покажуваат дека тие мора да одат на училиште и дека повторно одлагање на учебната година или учење онлајн е на нивна штета. Речиси сите земји во светот го вратија нормално училишниот процес, ќе го направиме тоа и ние, изјави министерот Филипче.
За граѓаните кои од разбирливи причини бараат онлајн настава, министерот Филипче им порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија.
-Во тој случај, здравјето на децата нема да биде доведено во прашање. Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања. Бројките за ефикасност исто така трета недела по ред ја потврдуваат ефикасноста на вакцината како оружје против Ковид 19. Болниците се за жал полни со невакцинирани пациенти кои претставуваат 90% од сите хоспитализирани. За жал, исто така имаме се поголем број на млади пациенти со тешка клиничка слика бидејќи сега вирусот се шири кај нив. Затоа тие мора да се свесни дека никој не е заштитен и што побрзо да се вакцинираат, порача министерот Филипче.
