„НАСТАНОТ ВО БОРИС ТРАЈКОВСКИ Е ПОКАЗАТЕЛ ЗА КРАЈ НА ЕДНА ЕРА“: Се огласи Меџити за синоќешниот говор на Ахмети
Со реакција за вчерашната промоција на кандидати на ДУИ и коалицијата, се огласи Изет Меџити. Тој оцени дека овој настан го означува крајот на политичката кариера на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Според Меџити, говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив – знак на слабеење на позициите на ДУИ.
„Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера,“ изјави тој.
Како што истакна тој, јавниот настап на Ахмети е доказ дека се обидуваат да го задржат влијанието кое го немаат. Меџити истакна дека преку овие настапи граѓаните сами ќе ја препознаат разликата меѓу „старото“ и „новото“ во политиката.
Слично
