Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСТАНИ КОИ ЈА ОБЕЛЕЖАА 2019: Сменивме име, станавме Европски прваци, го дочекавме папата

НАСТАНИ КОИ ЈА ОБЕЛЕЖАА 2019: Сменивме име, станавме Европски прваци, го дочекавме папата

На полноќ ќе ја испратиме 2019 а ќе и кажеме добредојде на 2020 година. 

Годината стара ќе се обидеме да ја запаметиме пред се по позитивните настани.

Фактор преку фотографии издвојува неколку .

* Вардар седна на кровот на Европа-Ракометарите станаа прваци по вторпат на Стариот континент


*Историска посета на папата во Скопје - испратени пораки за мир, соживот и за поголема љубов кон бога и кон луѓето

*Потпишан пристапниот протокол за прием на Македонија во НАТО


*Изгласани уставните измени за промена на името - Ова е настан кој ја обележа годината. Нема да судиме дали е позитивен или негативен. Коментарите и мислењата се само ваши.


*  „Рекет“ - како судски процес сметаме дека е настан или вест која негативно се одрази врз сите граѓани. Шоуменот Бојан Јовановски заврши во притвор а сега му се суди за изнуда на повеќе од милион евра од скопскиот бизнисмен Јордан Камчев во замена за ослободување од притвор.

Во домашен притвор е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева додека Зоран Милески Кичеец доби три години затворска казна која ќе ја извршува во домашен притвор.

И вест која не ја очекувавме после многу тапкања по раменици е ветото од Франција и недобиениот датум за преговори со Европската унија. 


Ни иде нова година, нови предизвици и кој ли знае што ќе ни донесе истата. И покрај се, да си посакаме мир и убави настани во 2020.

Слично

Поврзани вести