Насобраното ѓубре во Вардар ја покажа вистинската слика
Сликата која ги разгневи социјалните мрежи на насобраното ѓубре во Вардар во самиот центар на градот ја покажува состојбата со еко свеста на македонскиот народ кој често реките ги користи за фрлање смет. Надојдената вода од западниот дел на Македонија го понесе со себе и целото ѓубре од течението на реката Вардар.
Токму во делот каде се поставени непопуларните Галии кои ја нагрдуваат целокупната слика на строгиот центар на градот покажа дека водостојот е проблематичен и предизвика дури и излевање на реката на неколку точки. Погледнете сами и оценете.
Коритото на Вардар веќе со години е преполно со ѓубре, комунален и градежен смет, а често може да се забележат и стари машини за перење, апарати за домаќинство и секако фекален отпад што никако не се решава ниту пак се применуваат изработените планови во политичките програми на партиите.
