Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наскоро започнува издавањето електронски документи

Наскоро започнува издавањето електронски документи

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, на прес-конференција денеска истакна дека наскоро граѓаните ќе можат да добиваат електронски документи, кои ќе бидат подеднакво валидни како и документите на хартија. Тоа е со цел да се заштеди на хартија, да се избегнат бирократските чекори и шетањето по шалтерите.

„Владата ги усвои трите закони, кои овозможува документите на хартија ќе бидат заменети со електронски документи. Ќе се формира електронски регистар на население, како единствена и навремена ажурирана база на податоци за населението.

Вториот чекор е електронско управуваање и елктронски услуги. Ќе се формира новиот национален портал за е-услуги, преку кој граѓаните ќе добиваат зголемен број на услуги по електронски пат. Ќе се обезбедуваат документи по електронски пат, кои ќе бидат валидни како документите на  хартија. Исто така ќе бидат обезбедени електронски печати за сите институции.

Граѓаните ќе можат да се регистрираат на два начини. Првиот е физички на некој од шалтерите, и вториот начин е електронски со набавување на токен. Докумнтите потоа ќе бидат доставувани на мејл, и ќе бидат исти како оние на хартија.“, изјави Манчевски.


Слично

Поврзани вести