Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наскоро се отвора уште еден граничен премин кон Косово

Наскоро се отвора уште еден граничен премин кон Косово

За неколку месеци ќе биде отворен нов граничен премин кон Косово. 

Граничниот премин Белановце ќе биде пуштен во употреба до крајот на летово. Сега се изведуваат завршните градежните активности. Овој граничен премин ќе биде многу важен за локалното население, а ќе придонесе и за раст на трговската размена меѓу двете земји. 

Освен македонскиот вицепремиер, Бујар Османи, увид во активностите на терен изврши и косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај. 

„Овој објект е буквално заеднички објект на двете држави, и претставуваше посебен административно изведбен предизвик, имајќи предвид дека за неговата реализација мораше да се усогласуваат правилата на двете држави“, изјави Османи. 

Тој вели дека проектот е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово во износ од 1.200.000 евра, чија изведба е усогласена и со правилата и стандардите кои ги наложува Европската Унија.

Слично

Поврзани вести