Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наскоро почнува судењето за смртта на комитата Никола Саздовски

Наскоро почнува судењето за смртта на комитата Никола Саздовски

Судењето за смртта на Никола Саздовски од навивачката група „Комити“, ќе започне на 9 ноември, информираа од Основен суд Скопје 1.

Момчето на 29 јуни беше претепано на автобуската станица во населбата Автокоманда, а по десетина дена почина на КАРИЛ. 

За неговата смрт се обвинети  Бесир Б. и Скендер Р., а овој инцидент со смртни последици предизвика протести и осуда со барања за правда за 20 годишното момче. 

Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка", а за третиот осомничен кој е недостапен, распишана е домашна и меѓународна потерница.

Основното јавно обвинителство за смртта на Саздовски, тројцата осомничени лица ќе ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин", дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство".

Од ОЈО информираа дека ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка се обезбедени вербални и материјални докази, односно се испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

Слично

Поврзани вести