Наскоро почнува изградбата на фасадата на зградата на ЕВН во центарот на Скопје
И зградата на ЕЛЕМ и ЕВН ќе добие лик во стилот на „Скопје 2014“, а изведувач на работите ќе биде компанијата „Бетон“ која се јавува како изведувач на голем број други објекти во градот.
Градежната компанија „Бетон“ е избрана да ја догради и преоблече во неокласика досега стаклената зграда на ЕЛЕМ и ЕВН на плоштадот Македонија. Цената е околу 4,3 милиони евра. Скопската фирма е избрана како најповолна на тендерот за оваа намена. Договореното, според известувањето на бирото за јавни набавки, е на име ЕВН Македонија.
Зградата ќе се реконструира по идејно решение изработено од група автори од Градежниот факултет, кое беше избрано минатата година на конкурс. Реконструкцијата на објектот ќе ја реализираат заеднички ЕВН и ЕЛЕМ, со која ги делат работните простории во зградата. Објектот ќе добие лик кој ќе се вклопи во новиот амбиент на центарот, што значи во стилот на „Скопје 2014“.

Слично