НАСКОРО МИЦКОСКИ ЌЕ ДАДЕ ЗАКЛЕТВА: Кое име ќе го употреби?
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека заклетвата што тој ќе ја даде ќе биде во согласност со уставното име. Тој додаде дека во секојдневната употреба ќе го користи името „Македонија“.
„Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат законите, а ние сами да ги кршиме“, изјави Мицкоски во дневниот на Тв Сител.
На инаугурацијата претседателката Гордана Сиљановска - Давкова ја испушти придавката „Северна“. Тој потег поттикна реакции во Атина.
Слично
