Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наскоро Идризово во ново руво

Наскоро Идризово во ново руво
Во најголемата установа од овој тип во земјава најпрвин ќе се срушат дел од дотраените објекти со површина од 10.400 метри квадратни, а на нивно место е предвидено да се подигнат три објекти од отвореното одделение за мажи со површина од 5.550 метри квадратни и два објекти од полуотвореното одделение за мажи кои ќе се простираат на 4.650 метри квадратни. Градежна фирма бшто ќе ја реализира реконструкција на постоечките објекти и изградбата на нови објекти во Казнено – поправниот дом  Идризово, бара министерството за правда. Најдобриот понудувач кој ќе го добие тендерот е должен да  изврши и неопходната реконструкција на административната зграда со површина од 1.000 метри квадратни, како и на постоечкиот ресторан со тренинг центар. Во обновата е планирано да се изгради пречистителна станица, да се изведе комплетно нова водоводна, канализациона, електрична, телекомуникациона, топловодна и сообраќајна инфраструктура. Идниот изведувач на градежните работи треба да постави современи безбедносни огради – монтажно армирани бетонски ѕидови и жичани огради. Рокот за завршување на зафатот е 24 месеци по потпишувањето на договорот. Пријавите за учество на огласот треба да се достават до 18 февруари. а на распишаниот тендер можат да учествуваат субјекти кои оствариле годишен обрт на финансиски средства од минимум 25 милиони евра во последните три години.  
Слично

Поврзани вести