Наскоро ќе им се суди на напаѓачите на Зијадин Села кои го претeпаа во Собрание
Напаѓaчите на пратеникот Зијадин Села кои се обвинети за обид за убиство ќе седнат на обвинителна клупа на 26 јануари, а судењето ќе го води судијката Славица Андреевска.
Зијадин Села беше еден од најповредените пратеници во крвавиот напад на демонстранти врз пратениците на 27 април.
Андреј Мицов, Никола Војминовски, Александар Јаневски – Тошта, Коста Делов и Стојан Павлевски – Кобра беа приведени за инцидентите во Собранието на 27 април и нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села. Подоцна притвор добија и осомничените Оливер Ошаковски и Сашо Сенков.МВР во мај ги приведе К.Ѓ. (39) и Ц.Ѓ. (68), татко и син, за кои полицијата утврди дека физички го нападнале и го влечеле лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. По наредба на судија, полицијата тогаш извршила претрес на домот на К.Ѓ. при што биле „пронајдени и подигнати патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони, кои со потврда за привремено одземени предмети му се одземени“. На двајцата им беше одреден притвор.
