Насилството треба да се препознае во секој облик
Довикувањето или зјапањето се смета за нормална појава, па дури често е маскирана како комплимент. Жените не ги доживуваат ниту најлесните форми на вознемирување како додворувања или комплименти. Емоциите кои најверојатно ќе бидат предизвикани кај жените во ваквите случаи се навреденост и гнев во случаи на вербално малтретирање и, очекувано, страв во случаи на физичко насилство. Она што дополнително може да се заклучи од одговорите на ова прашање, а кое е поврзано и со препознавањето на разните форми на насилство, е тоа што иако повеќето жени реагираат негативно на вознемирување на улица, постои значителен број на жени кои изјавиле дека имаат неутрални чувства во случаи на довикување (24,6%) или зјапање (29,5%). Оваа амбивалентност може да се толкува како форма на справување со најраспространетите форми на родово-базирано насилство, во смисла дека поради тоа што се редовно изложени на нив, многу жени можеби ги прифаќаат како неизбежен дел од тоа да се биде на јавни места.
Токму на оваа тема, Женски Магазин, разговарше со Елена Димушевска директор на Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.
Интервјуто , прочитајте го на Женски магазин, овде