Економија, финансии, бизнис

Контакт

Насилници претепале дете на постројка во Сингелиќ

Насилници претепале дете на постројка во Сингелиќ

Група насилници вчера претепала малолентик, додека чекал автобус во скопската населба Сингелиќ. Случајот во полиција го пријавил таткото на детето И.С.(43).

Насилството се случило во 21.40 часот на автобуска постојка на улицата Методија Андонов – Ченто, информираат од полицијата. 

Според пријавата на таткото, додека неговиот 13-годишен син чекал автобус на постојката го тепал насилник на возраст од 15 до 18 години кој бил заедно со уште три други лица. По насилството, напаѓачите избегале, но по кратко време се вратиле заедно со поголема група насилници. Тогаш 13-годишното момче и неговите другари избегале, а за случајот ги известиле родителите. Полицијата го расчистува случајот.

Слично

Поврзани вести