Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСИЛЕН СИЛУВАЧ: Прво ја мавал со тупаници и клоци, потоа ја обљубил - Обвинение за 49 годишник од Гостивар

НАСИЛЕН СИЛУВАЧ: Прво ја мавал со тупаници и клоци, потоа ја обљубил - Обвинение за 49 годишник од Гостивар

Прво ја измавал со тупаници и клоци, па потоа ја силувал. Ова го сторил 49 годишен маж од Гостивар, против кого Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос, иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент оштетената успеала да го оттурне од себе и да избега, а дејствијата на осомничениот ги пријавила во полиција“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар доставил и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Слично

Поврзани вести