Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАШИТЕ КОРЕНИ НОСАТ САМО ЕДНО ИМЕ, ГОЛЕМИОТ АЛИ АХМЕТИ“ - за Шкодране Дардишта, лидерот е семоќен

„НАШИТЕ КОРЕНИ НОСАТ САМО ЕДНО ИМЕ, ГОЛЕМИОТ АЛИ АХМЕТИ“ - за Шкодране Дардишта, лидерот е семоќен

Шкодране Дардишта, секретар за еднакви можности во огранокот на ДУИ во Чаир, синоќа, на форумот на жени кој се одржа во таа општина, а чија тема беше „Лице в лице за еднакви можности, даде интересна изјава.

Имено, таа кажа дека Чаир бил и ќе остане упориште на ДУИ и Али Ахмети, и како што рече, секоја работа започната со чисти намери, мириса на победа. Таа исто така кажа дека соочувањето со среќата е полесно и ќе биде полесно кога во партијата ќе се држат за корените, а не, како што објасни, за гранките.

„Нашите корени носат само едно име, големиот Али Ахмети. Многу работи беа кажани и ќе се кажат. Чаир беше и ќе остане упориште на ДУИ. Вечерва жените докажаа дека Чаир останува непобедлив столб на ДУИ. Последователните победи го носат и печатот на жените од Чаир. Кога ќе се собереме, можеме да ги срушиме сите бариери. Ние сме велесили кога сме заедно. Сакам да му се заблагодарам на семоќниот Али Ахмети“, рече Дардишта.

Слично

Поврзани вести