Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАШИТЕ АНГЕЛИ ЗАСЛУЖУВААТ ПРАВДА“ - семејствтата на жртвите повторно излегоа на протест во Кочани

„НАШИТЕ АНГЕЛИ ЗАСЛУЖУВААТ ПРАВДА“ - семејствтата на жртвите повторно излегоа на протест во Кочани

Со фотографии во рацете од своите прерано загубени чеда, и со транспаренти „Нашите ангели заслужуваат правда“ под мотото „Задоцнета реакција“, семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ денеска повторно излегоа на протест во Кочани. Ова е втор протестен марш откако се случи несреќата што одзеде 61 живот.

Маршот почна симболично во 12 часот и 5 минути од Паркот на револуцијата, време што ја симболизира доцната реакција на институциите – како еден од факторите што придонеле за катастрофата.

Пред полициската станица, граѓаните одржаа едноминутен молк, барајќи одговорност од безбедносните органи за нивната неефикасност. Потоа протестот продолжи пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство, каде што беше упатено јавно барање за информации и транспарентност околу текот на истрагата.

Семејствата на загинатите порачаа дека нема да престанат да маршираат додека не се утврдат причините и одговорните за трагедијата.

Слично

Поврзани вести