Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАШИОТ МАРТИН ОСВОИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Момчето од Свети Николе е врв меѓу светските гејмери

НАШИОТ МАРТИН ОСВОИ МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Момчето од Свети Николе е врв меѓу светските гејмери

Мартин Саздов, во гејминг светот познат како „Сакса“ е најдобриот „Dota 2“ играч во нашата земја, а сега и во светот.

Вчера се одржа Интернационалниот „Dota 2“ турнир во Сингапур, огромен настан на кој се собираат најдобрите гејмери од цел свет и се натпреваруваат за повеќе од милион долари. Токму таму Сакса со својот тим „Тундра Еспортс“ го освои првото место, кое вреди цели 8 милиони долари. Имено, тие во финалето ги победија Team Secret со резултат од 3-0.

Инаку Саздов е од Свети Николе, започнал да игра „Dota 2“ на 10 - годишна возраст, со времето постепено се усовршувал и станал еден од најдобрите „Dota 2“ играчи во светот.

Иако се запишал на факултет во Скопје, изгубил интерес и одлучил целосно да се посвети на неговата „Dota“ кариера.

Целиот текст на Машки магазин


Слично

Поврзани вести