Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАШАТА БОРБА Е ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, ПОДОБАР СТАНДАРД И ИДНИНА“: Мицкоски за договорот со Британија и новите инвестиции

„НАШАТА БОРБА Е ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ, ПОДОБАР СТАНДАРД И ИДНИНА“: Мицкоски за договорот со Британија и новите инвестиции

Ветивме и секојдневно макотрпно работиме Македонија да стане повторно ваша!

Денес два нови чекори кон таа цел.

Ова утрово го објави на својот фејсбук профил премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. 
Тој посочи дека денеска ќе има средба со британскиот амабасадор за договорот за стратешко партнерство, но потсети на поставувањето ан камен темлник за нова фабрика во ТИРЗ Скопје. 
- Прво, заедничка прес конференција со Британскиот амбасадор Метју Лосон за бенефитите од постигнатата согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Крластво, со кој се отвора вратата за инвестициски циклус за 6 милијарди евра во земјава.

Второ, камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Скопје, која претставува надеж и нов почеток.

Инвестицијата на компанијата Шахтерм само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е оваа инвестиција да има и втора фаза каде што вкупната вредност на оваа инвестиција ќе изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.

Ова е проект што не само што ја развива економијата, туку и ја потврдува стабилноста и напредокот на нашата земја.

Нашата борба е за подобар живот, подобар стандард и иднина - заклучи Мицкоски. 




Слично

Поврзани вести