Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наша е, Македонка: Милка Трајкова од балетската сцена стигна до врвот на светските научни лаборатории и создаде технологија што го смени танцот засекогаш

Наша е, Македонка: Милка Трајкова од балетската сцена стигна до врвот на светските научни лаборатории и создаде технологија што го смени танцот засекогаш

Животните патишта понекогаш не водат таму каде што најмалку очекуваме – но токму таму се кријат најголемите приказни. Таква е и приказната на Милка Трајкова, Македонка која од балетската сцена стигна до врвот на светската научна сцена, користејќи ја вештачката интелигенција за да им помогне на танчерите да станат подобри, побезбедни и посвесни за своето тело.

Нејзината љубов кон балетот започнува уште на петгодишна возраст во Македонија. Иако кратко време подоцна се преселува во САД, желбата за танц не исчезнува – напротив, се враќа уште посилно. Балетот, музиката, сцената – сето тоа станува нејзин свет. На само 17 години, таа добива можност да стане дел од Македонската опера и балет, остварувајќи го својот детски сон.

Но, зад сцената се одвива и друга приказна. Свесна дека балетската кариера може да биде кратка, Милка паралелно се запишува на студии по информациски системи и менаџмент во Скопје. Токму таму, речиси случајно, се запознава со полето човек-компјутер интеракција – момент што ќе ѝ го промени животот.

  • „Тоа беше како да ми се отвори нов свет“ – вели таа.

Во текот на студиите, Милка открива дека технологијата може да се користи за да го разбере човечкото движење – нешто што дотогаш било речиси невозможно во уметност како балетот. Таа почнува да истражува како движењата можат да се претворат во податоци и како тие податоци можат да помогнат во подобрување на техниката.

Но, судбината има свој тек. На само 20 години, поради сериозна повреда, Милка е принудена да ја прекине својата балетска кариера.

  • „Беше многу тешко, но истражувањето ми даде нова цел“ – признава таа.


Наместо крај, ова станува нов почеток, а повеќе за кариерата на Трајкоова во продолжение пренесува Женски магазин.


Слично

Поврзани вести