Економија, финансии, бизнис

Контакт

Насер Зибери откако не стана прв премиер Албанец на Македонија: Немам коментар!

Насер Зибери откако не стана прв премиер Албанец на Македонија: Немам коментар!

Насер Зибери, кандидатот на ДУи за прв премиер Албанец на Македонија, одговори само кусо „Немам коментар“ за „Лајм“ на прашањето како ќе реагира откако СДСМ и ДУИ постигнаа договор за формирање на Влада , а во истиот не се споменува неговото име.

ДУИ ќе предложи премиер кој ќе ја извршпува функцијата привремен шеф на Владата на 100 дена пред следните избори, при што опозицијата реагираше дека Интегративците ги измамиле своите гласачи, откако Зоран Заев, лидерот на СДСМ, вчера објави дека тој ќе биде премиер..

Зибери одбил да одговори и на прашањето дали се чувствува измамен од Али Ахмети. Тој како политички аналитичар пред да биде промовиран како предлог од ДУИ самиот идејата за премиер Албанец на ДУИ ја коментираше како „неубедлива“.

- Што има да ни кажете сега г. Насер Зибери како протагонист на измамата на Али Ахмети? Неговото име се користеше како згодна алатка за да се задоволи апелот на овие обични измамници. Тој им должи на Албанците објаснување што значи оваа измама на ДУИ, напиша Орхан Муртезани од Алтернатива.

Во меѓувреме Зибери го избриша и својот профил на Фејсбук кој го оптвори за кампањата на предвремените парламентарни избори.


Слично

Поврзани вести