Економија, финансии, бизнис

Контакт

Насер Зибери: Нема доволно регулатива за „Јавна соба“

Насер Зибери: Нема доволно регулатива за „Јавна соба“

Насер Зибери, новиот Народен правобранител, во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека негово лично видување за случајот „Јавна соба“ е дека не постои доволна регулатива во моментов.

„Немам доволно информации околу овој случај. Народниот правобранител може да постапи доколку има поднесено претставка до него или по допрен глас. Доколку некој од засегнатите личности од овој настан се обрати до Народниот правобранител, соодветно ќе реагираме и ќе ја известиме и јавноста

Но, сакам тука да го искажам моето лично видување за овој настан и да го изнесам. Не постои доволна регулатива, правна рамка, односно пропис, кои би ги уредувале овие прашања. И од тука не случајно Министерството за правда најави измена на Кривичниот законик, каде што треба да се санкционира ова прашање.

Тоа е едно, а второ - мора да се најде еден баланс - она што е право и слобода на граѓаните за електронска комуникација, но во исто време и заштита и слобода на правата на граѓаните кога од тоа постапување и електронска комуникација можат да бидат загрозени тие права“, рече Зибери на едно од прашањата во интервјуто.

Во моментов Министерството за правда воведува измени на Кривичниот законик во кој ќе се воведат делата „демнење“ и „сексуално вознемирување“. Зибери беше поранешен кандидат за прв премиер Албанец на Македонија, идеја промовирана предизборно од ДУИ.

Слично

Поврзани вести