НАС СНЕГОТ НЕ МОЖЕ ДА НЕ ИЗНЕНАДИ! Орце се пофали, градот бил подготвен
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа на социјалните мрежи се пофали дека снегот не може да го изненади додавајќи дека градот е подготвен за снежните врнежи.
„Нас, снегот не може да нѐ изненади.Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена, екипите се постојано на терен, будно и одговорно следејќи ја состојбата на сите сообраќајници.Обезбедени се доволни количини на сол, кои навремено се користат согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите.Кризниот штаб функционира 24/7, со цел безбедно и непречено движење низ градот.Апелираме до сите учесници во сообраќајот на зголемена внимателност и строго почитување на препораките за возење во зимски услови, објави тој.
Слично
