Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАС НИКОЈ НИКАКВА БЛАГОДАРНИЦА НИТУ НАГРАДА НЕ НИ ДАДЕ - еве што напиша доктор Лазаров, токму кога колегите протестираат

НАС НИКОЈ НИКАКВА БЛАГОДАРНИЦА НИТУ НАГРАДА НЕ НИ ДАДЕ - еве што напиша доктор Лазаров, токму кога колегите протестираат

- Нас никој никаква благодарница ниту награда не ни даде за ден на здравство или било што и покрај се што правиме на дневна база - напиша доктор Ненад Лазаров денеска на својот Фејсбук профил. 

Тој упати силна порака до сите кои го следат на оваа социјална мрежа, но она што особено го разбранува граѓаните е крајот од неговата порака. 

- Само во последниве 4 години:

1. Пукна пандемија - принтавмме визири, пола држава ни помогна, заштитна опрема, маски мантили, хауби, во цела држава сами разнесувавме коа се криеја колеги по роднини на село.

2. Пукна сиромаштија меѓу народ - бесплатни домашни посети,

3. Неколку циклуси на донирај витамини

4. Пукна здравствен систем -Ecrowd medical

И ај комора е корумпирана политичка единица, ама еве МЛД да ве прашам, нели ви е малку незгодно?

Нека, поддршка од народ е најголема потврда. Убав ден да имате - напиша доктор  Лазаров на Фејсбук. 

Еве ја неговата порака токму на денот кога е најавен протест на здравствените работници во земјава кои бараат достоинствена плата и подобри услови за работа. 

За кратко време неговата објава предизвика голем број коментари од кои најголем дел насочени кон доктор Лазаров и благодарност за неговата посветеност и помош која им ја нуди на граѓаните.

Слично

Поврзани вести