Народот извикува „Столе ти си наша икона“, Стоилов се обрати
Народот на плоштад извикува „Столе ти си наша икона“, за капитенот на ракометниот клуб Вардар, Стојанче Стоилов.
Тој рече дека сите зад него се амбасадори на Македонија, иако не се Македонци.
„Тие ќе си отидат во дома, ќе зборуваат „Беше еднаш еден Вардар, во една Македонија“. Тоа ќе биде убав момент од нивната кариера“, рече Стоилов.
Игор Карачиќ се заблагодари за сите седум години кои ги поминал во Скопје.
Ракометарот Иван Чупиќ порача „Еден живот, една љубов, Вардар“.
Слично
