НАРОДОТ ИСПРАТИ ПОРАКА, НИЕ ЈА НАУЧИВМЕ ЛЕКЦИЈАТА: Весковски побара поддршка за вториот круг
На овие локални избори, народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата, вели денеска Душко Весковски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од СДСМ. Тој е во водство по првиот круг со освоени 9.160 гласови или 33,41 проценти од сите гласови. Втор е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Зафировски кој има 24,05 проценти од преброени 95 проценти од гласовите.
„Уште еднаш покажавме и докажавме дека Карпош, го сака и го заслужува само најдоброто. Ви благодарам што несебично и во голем број излеговте и го остваривте своето право на глас во фер и демократска атмосфера, потврдувајќи го својот избор за НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ. На овие локални избори, народот испрати порака, а ние ја научивме лекцијата од истата.
Весковски побара поддршка за вториот круг.
„Ги повикувам сите граѓани, определени и неопределени, граѓански здруженија, коалиции, единствени и обединети, во вториот круг од локалните избори, едногласно да го избереме бројот 12 и да го потврдиме НАЈДОБРОТО ЗА КАРПОШ, вели Весковски.
Инаку трет на листата по освоени гласови е Стевчо Јакимовски кој освоил 23,87 отсто од гласовите, а кандидатот на Левица Дарко Ристовски има 13,37 отсто.
Слично
