Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народниот правобранител со постапка против агитирањето на ученици за протестите

Народниот правобранител со постапка против агитирањето на ученици за протестите

Народниот правобранител изрази сериозна загриженост за обидите за вклучување на децата во протестите организирани во повеќе градови низ Македонија.

Тој ги осудува настапите на раководни лица во училиштата и ги повика училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш и без одлагање, секој во рамките на своите надлежности да преземе соодветни мерки против лицата кои агитираат или дозволуваат во училиштата да се врши агитација и обиди за политичко инволвирање на учениците.

„Ваквите настапи се спротивни на Законот за средното образование со кој е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување и надвор од целите на образованието-училиштата да бидат места каде ќе се врши основната дејност воспитно-образовниот процес“, се вели во соопштението од Правобранителот.

Слично

Поврзани вести