Народниот правобранител на располгање на граѓаните во вториот круг
Сите седум канцеларии на Народниот правобранител во текот на гласањето од вториот круг од локалните избори ќе бидат подготвени да одговорат на потребите на граѓаните со цел да си ги остварат своите избирачки права.
Од 7 до 19 часот ќе бидат отворени сите седум канцеларии во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип. Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефон.
Народниот правобранител уште еднаш ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество. Во таа насока, Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори, во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.
Скопје: 02 3129-327 и 3129-367
Битола: 047 242-310
Кичево: 045 228-586
Куманово: 031 431-488
Струмица: 034 329-996
Тетово: 044 344-082
Штип: 032 389-701.
