Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народна банка ги зголеми девизните резерви со еврообврзницата за Македонија од 700 милиони евра

Народна банка ги зголеми девизните резерви со еврообврзницата за Македонија од 700 милиони евра

На крајот на јуни 2020 година, македонските девизни резерви се зголемиле на 3,6 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 560,7 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка на РСМ.
Колку ќе се зголеми долгот со 700 милиони евра од еврообврзницата, би требало да се знае кога Министерството за финансии треба да ги објави бројките на крајот на овој месец, а ќе се однесуваат заклучно со крајот на првото полугодие. 

Зголемувањето на девизните резерви во текот на јуни се должи на зголемувањето на задолжувањето на државата на меѓународните финансиски пазари, најмногу преку издавање еврообврзница.

Средствата добиени врз основа на задолжување или донации од странство, се чуваат на сметки во Народната банка и согласно меѓународните стандарди претставуваат дел од девизните резерви. Како дел од девизните резерви, овие средства претставуваат дополнителна поддршка за носителите на монетарната политика во одржување на стабилноста во економијата.

Инаку, на крајот на првиот квартал од годинава, јавниот долг на земјава беше на ниво од 50,7 отсто. Тоа значи дека за два месеци, задолженоста се зголемила за 2,6 процентни поени. Во тоа зголемување влегуваат заемот од ММФ и други кредити за надминување на кризата, но не и парите од еврообврзницата. 

Слично

Поврзани вести