Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

Омбудсманoт соопшти дека граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично. 

Народниот правобранител со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право

Денеска од 7 од 19 часот во канцеларијата на Народниот правобранител граѓаните за време на одржувањето на вториот круг од претседателските и на парламентарните избори, ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

„Исто така, на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии на Народниот правобранител во Струмица на телефонскиот број (034)329-996,  Кичево на бројот (045) 228-586, Тетово на (044) 344-082, Битола на бројот (047) 242-310, Штип на телефонскиот број (032) 389-701 и во Куманово на бројот (031) 431-488“, се наведува во денешното соопштение од канцеларијата на Омбудсманот.

Освен на бесплатната телефонска линија, како што информираат од канцеларијата на Омбудсманот, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија на Народниот правобранител, лоцирана на улицата „Македонија“ број 19, во зградата на трговското друштво „Макошпед“, спроти Спомен куќата на Мајка Тереза.
Денеска се одржува вториот круг од претседателските избори, а воедно граѓаните ќе гласаат и за избор на нов парламентарен состав. 

Слично

Поврзани вести