Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напредок меѓу власта и опозицијата за реформите означени со црвено

Напредок меѓу власта и опозицијата за реформите означени со црвено

Оптимистички расположени власта и опозицијата за решение на некои три, четири мерки кои се означени со црвено во Планот 3-6-9, но сѐ уште е рано да се каже дека е постигнат консензус по овие точки. 

Вицепремиерот Бујар Османи  рече дека има напредок во разговортие меѓу власта и опозицијата за некои точки од планот. Тој тоа го соопшти пред имплементацијата на Планот да биде презентирана на амбасадорите од земјите-членки на ЕУ. Според него, задоцнети се мерките кои зависат оф меѓупартиските разговори, како Законот за јазицире и сите закони во делот на правосдуството и безбедносните служби.

„Се гради една базична доверба помеѓу страните во овој случај за да можат посуштински да расправаат за конкретни законски решенија. Мислам дека работните групи се длабоко навлезени, суштински, да разговараат за конкретните решенија. Се уште не можам да кажам за конечниот епилог, бидејќи нема конечен епилог, меѓутоа се на добар пат“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања

На прашањето за фамата и одлоговлекувањата околу Законот за јазиците, Османи јасно одговори.

„ЕУ нема да ја интересираат внатрешните алибија зошто не се донесени зконите. Тие ќе сакаат испорака“, Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

За останатите мерки Османи вели дека е постигнат дополнителен напредок, но оти сепак остануваат уште многу мерки на кои рокот за имплементација им истекува во април. Османи притоа рече дека од амбасадорите ќе се побара поддршка за добивање извештај од Европската комисија согласно заслугите и Македонија да добие фер шанса да се придвижи напред евроинтеграциите, напиша Телма.



Слично

Поврзани вести