Економија, финансии, бизнис

Контакт

Направивте ли ајвар навреме, инспекторите казнуваат низ Скопје

Направивте ли ајвар навреме, инспекторите казнуваат низ Скопје

Традиционалната комшиска есенска активност на правење ајвар и зимница годинава ќе биде попречена од општинските и комуналните инспектори кои го „чешлаат“ Скопје и досега се изречени десетина парични казни за нарушување на законот за јавна чистота.

- Користењето на јавните површини за приготвување зимници од аспект на уништување на јавните површини е забрането, во согласност со законот од 2008 година, и ако комуналните редари и инспектори затекнат прекршители на комуналниот ред ќе им изречат казни од 50 евра во денарска противвредност. Продавањето на големо на зеленчуци на јавни површини е исто така забрането и за тој прекршок казната е иста. Градските инспектори и комунални редари ги спроведуваат законските одредби и секојдневно по двете основи се казнуваат по десетина прекршители - известуваат од градот Скопје.

Ако минатите години се издавале само усни опомени, годинава граѓаните кои немаат свој двор или викендичка и ги користат парковите и јавните површини пред зградите ќе се платат по 50 евра казна за палење на ќумбе и загадување. 


Слично

Поврзани вести