Економија, финансии, бизнис

Контакт

Направил сообраќајка, па пукал во воздух

Направил сообраќајка, па пукал во воздух

Maж од Тетово денеска пукал во воздух при што нема повредени лица и не е причинета никаква материјална штета, информираа од тетовската полиција. 

С.Д.(57) околу 10 часот и 35 минути ги испукал куршумите во близина на крстосницата од улиците „Благоја Тоска“ и „Љубо Божиновски-Пиш“.

На пукањето му претходела сообраќајна несреќа во која при судир со друго возило е оштетено патничко моторно возило „Опел корса“, на С.Д.

Веднаш по пријавувањето на случајот тој е приведен и задржан во Полициската станица Тетово, а му бил одземен и пиштолот од кој пукал посочија од СВР Тетово.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести